Дејан Богданов доби нов четиригодишен мандат на чело на Боречката федерација на Македонија

Дејан Богданов и натаму останува претседател на Боречката федерација на Македонија, со нов четиригодишен мандат на чело на една од најтрофејните македонски федерации.

На Редовното изборно собрание, Богданов повторно едногласно ја доби довербата од делегатите за нов четиригодишен мандат.

На Собранието, покрај изборот на претседател, беше донесен и извештајот на досегашниот претседател за изминатите четири години работа, како и усвојување на финансиските извештаи за работа во следниот период.

„Трудот, успехот, напорната работа, жртвата која ја даде за воздигнување на федерацијата до степенот до кој е сега, коректноста и фер односот со сите членови на управата, спортски работници како и спортисти и спортистки излегоа на виделина“ – беше речено на Собранието на БФМ.

Се вчитува...