Дејан Георгиевски доминантно до злато на Скопје опен Г1 (ВИДЕО)

Eден од најдобрите македонски спортисти на сите времиња Дејан Георгиевски продолжува да ја радува нацијата со големи резултати. Таеквондистот денеска на доминантен начин стигна до златниот медал на Скопје опен Г1 турнирот кој се одржува во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Во првата борба славеше над Абдула Ал Магди од Австрија, втора борба елиминиран европскиот шампион Иван Шапина од Хрватска, полуфинале елиминиран бронзениот светски медалист Пашко Вожиќ од Хрватска. Во финале со доминација беше поразен Илиа Рудерман од Израел.

Се вчитува...