Дејан Георгиевски е европски вицешампион во таеквондо

Дејан Георгиевски е европски вицешампион во таеквондо. Македонскиот таеквондист го освои сребрениот медал на Европското сениорско првенство во таеквондо во олимписки категории кое се одржа во Сараево, БиХ.

Георгиевски во финалето загуби минимално со 18-19 од Иранецот со српски пасош Махди Кодарбакши, иако имаше постојано водство речиси до пред самиот крај на борбата. Во третата рунда имаше предност и од 15-7, но не успеа да крајот.

Претходно до финалето запиша три победи против Андреј Гарбар (Украина), Динко Шегедин (БиХ) и Рос Даниел (Шпанија).

Се вчитува...