Олимпискиот вицешампион во таеквондо, Дејан Георгиевски вечерва поздравен од сите македонски љубители на спортот. На плоштадот во Скопје, новиот македонски спортски херој кој со среброто од Токио и донесе нова радост на спортска Македонија уште еднаш потврди дека овие Олимписки игри се само почеток на сите негови идни планови.
Дејан не застанува со среброто од Токио. Напротив, ова е само мотив повеќе за во иднина на Македонија да и го донесе златниот медал од Олимписки игри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА