Дејан Георгиевски мина низ триумфалната капија: Пречекан од Македонија (ВИДЕО)

Олимпискиот вицешампион во таеквондо, Дејан Георгиевски мина низ Триумфалната капија во Скопје пречекан од Македонија која му оддава признание за освоениот сребрен медал на ЛОИ 2020.

Георгиевски е новиот македонски спортски херој кој уште еднаш, како во случајот на ракометарките на Кометал ЃП, како ракометарите на Вардар, како кошаркарите од Литванија, како фудбалските репрезентативци за ЕВРО 2020, беше поздравен од сите искрени љубители на спортот…

Се вчитува...