Македонскиот олимписки медалист, таеквондистот Дејан Георгиевски има извонредни настапи на престижниот „Президент купот“ во Истанбул, Турција.
Георгиевски на еден од најсилните светски таеквондо собири дојде до полуфиналето на „Президент купот“, осигурувајќи медал, па сега го очекува битка за финале против олимпискиот шампион Сисе од Брегот на слоновата коска.
Претходно, Георгиевски славеше против Бадри Алиaбади од Азербејџан со 2-0 во рунди, или убедливо со 4-0 и 11-0 во двете рунди на поени, за да во мечот за битка за медал триумфира со 2-0 во рунди, или 6-5 на поени, против домашниот таеквондист Чакир Демирчиоглу од Турција.
Георгиевски против Турчинот имаше извонредна борба, па по негативата од 1-3, во последната минута дојде до победа од 6-5, на тој начин осигурувајќи најмалку бронзен медал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

