Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски освои бронзен медал на Европското првенство за помлади сениори, до 21 година, кое се одржува во Варшава, Полска.
Георгиевски преку уште еден одличен настап стигна до бронзата во категоријата +87 килограми, иако имаше одлична борба за пласман и во финале но загуби од Русинот Георги Танделов во полуфиналната пресметка.
Златото на првенството го освои Турчинот Емре Куталмиш, додека среброто на крајот заврши кај Танделов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА