Дејан Георгиевски со сребро од Романија

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал на силниот Г1 турнир во Букурешт, Романија.

Во првото коло Георгиевски беше слободен, а во четвртфиналето го совлада Марсел Хотак од Унгарија. Во полуфиналето Георгиевски беше подобар од Романецот Тудор Карагеа, за пласман во финалето.

Таму го чекаше дуел со Хусеин Демирчиоглу од Турција, каде што Турчинот на крајот беше подобар и го доби мечот со нашиот таеквондист.

Ова беа нови бодови за Георгиевски за олимписка норма за ЛОИ 2028 во Лос Анџелес.

Се вчитува...