Дејан Георгиевски: Среќен сум што ја израдував Македонија…, ја чувствувам до Токио сета поддршка и еуфорија!

Новиот спортски херој на Македонија, таеквондист Дејан Георгиевски не може се уште да ги сумира комплетно сите впечатоци од денешниот историски ден и освоениот сребрен медал на Летните олимписки игри во Токио.

Сосема е јасно дека уште долго на вистински начин да разбере што направи за македонскиот спорт и тежината на неговиот успех, но не крие дека е пресреќен што ја израдувал Македонија.

„Навистина сум пресреќен што ја израдував Македонија. Од срце благодарам на сета поддршка која доаѓа од Македонија, до Токио ги чувствувам сите позитивни вибрации и еуфорија. Чувството е навистина прекрасно, се уште сите тука сме под импресии кои ќе треба време за вистински да легнат“ – вели Георгиевски од Токио, притоа дополнувајќи дека за него клучна битка првата против светскиот шампион преку која добил дополнителни крилја.

„Најважна беше првата борба кога против светскиот шампион го скршив мразот. Уште пред заминувањето за Јапонија истакнав дека го посакувам златото, силна беше желбата да дојдам до победата во финалето но остануваат пред нас уште многу предизвици во иднина на кои верувам ќе има уште поголеми радости“ – истакнува новиот херој на македонскиот спорт.

Се вчитува...