Дејан Гошевски го промени клубот во Хрватска

Македонскиот ракометен интернационалец Дејан Гошевски го промени тимот оваа зима. Откако го раскина договорот со хрватскиот Меткович, тој потпиша со екипата на Водице, каде ќе остане до крајот на оваа натпреварувачка сезона.

Гошевски кариерата ја почна во младинските категории на Металург, а беше дел и од младите репрезентациии на Македонија.

Во домашниот шампионат беше дел и од Охрид, Тиквеш и Голден Арт. 25-годишниот Гошевски покрај тоа што ќе настапува за екипата на Водице тој ќе биде и тренер во младите категории на тимот.

Се вчитува...