Дејан Илиев е нов голман на Рапид Букурешт

Македонскиот репрезентативен голман Дејан Илиев, потпиша 1,5 годишен договор со Рапид Букурешт. Тој доаѓа во Рапид од УТА Арад, каде што во последните натпревари беше на клупата, и веќе беше извесно дека ќе ја смени средината.

Илиев дојде во Романија во 2024 година, а претходно беше дел од Арсенал, а потоа одеше на позајмици во Серед, Јагелонија и Шрусбери. Бранеше во Тренчин, Хелсинки и Сараево, пред да дојде во романскиот шампионат.

Среќен сум што пристигнав во Рапид и сум подготвен да дадам сè за овој тим. Едвај чекам да ја почувствувам фантастичната атмосфера што ја создаваат навивачите на Рапид!“ , рече Дејан по потпишувањето на договорот со Рапид.

Се вчитува...