Повремениот македонски репрезентативен голман Дејан Илиев, и официјално е нов член на Сараево. Вчера и официјално го напушти тимот на Хелсинки, каде што беше од февруари годината, и сега се пресели во првенството на БИХ.
Илиев во минатото беше дел и од Тренчин, а мина на позајмици во Серед, Шревсбури, Јагелониа, а десет години, од 2012 до 2022 беше дел од Арсенал.
Тој во Сараево му се приклучува на Даниел Аврамовски кој е дел од оваа екипа. За македонската репрезентација Илиев има одиграно еден меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА