Дејан Илиев по четири месеци се врати на голот

Македонскиот чувар на мрежата Дејан Илиев, по пауза од повеќе од четири месеци се врати на голот на романски УТА Арад. Тој денеска го чуваше голот на гостинскиот тим на гостувањето кај Отелул кој заврши без победник 1-1.

Илиев паузираше поради повреда, а последен пат стоеше на голот на романскиот тим на 5. август во дуелот со Униреа, кој неговиот тим го доби. Воедно, ова е првиот гол кој Илиев го прима во романскиот шампионат, во третиот меч.

Илиев во последно време е поврзуван со трансфер во Вардар, но тешко дека Арад ќе се одлучи да го пушти пред истекот на договорот. Тој е повремен репрезентативец на Македонија, за која има еден официјален настап, против Гибралтар во Лигата на Нации.

Се вчитува...