Дејан Илиев промовиран во новиот клуб

Само неколку дена откако замина од Сараево, репрезентативниот голман Дејан Илиев се пресели во друг клуб. Тој ќе брани во романскиот шампионат, во тимот на УТА Арад кој се натпреварува во „елитата“ на оваа земја.

Илиев мина само шест месеци во тимот на Сараево, а потоа си замина. Во минатото беше дел од Хелсинки, Тренчин, Серед, Јагелонија, а долги години беше член на лондонски Арсенал, но никогаш не доби шанса за настап.

Тој е актуелен репрезентативец на Македонија, за која има еден настап, против Гибралтар во Лигата на Нации.

Се вчитува...