Повремениот македонски репрезентативен голман Дејан Илиев не е повеќе дел од Тренчин, и како слободен агент во зимскиот преоден рок ќе бара нов ангажман.
Илиев се раздели од Тренчин, после речиси една година во овој тим. Тој во февруари направи трансфер во словачкиот тим, и настапи 12 натпревари. Во оваа 2022 година, Илиев дебитираше и за македонскиот национален тим на дуелот со Гибралтар на гостински терен.
Според информациите на ЕКИПА, Илиев има понуда да се пресели во Полска. Тимот на Подбескидзе е најзаинтересиран за неговите услуги во моментов. Исто така и некои екипи од странство се интересираат за потписот на чуварот на мрежата кој беше дел од Арсенал, но никогаш не заигра во првиот тим на топчиите, иако беше дел од финалето на Лигата на Европа во 2019 година во Баку, кога беше на клупата за резерви.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА