Македонскиот репрезентативен голман Дејан Илиев, е пред заминување од УТА Арад, поради наводни несогласувања со тренерот на екипата. Иако има договор до 2027 година, сепак, би можел во јануарскиот преоден рок да ја смени средината.
Според најновите информации, високиот чувар на мрежата и поранешен член на лондонски Арсенал, би можел да остане во Романија. Екипата на Херманштад е заинтересирана за чуварот на мрежата.
Илиев го загуби местото меѓу првите 11, и сега бара „излез“ од тимот. Сепак, проблемот е што УТА бара 100.000 евра за овој трансфер, и сега останува на Херманштад да преговара, и да издејствува помала сума, и да го потпише голманот. Таквата сума беше неприфатлива за Етникос Ахна, која исто така беше меѓу заинтересираните за Илиев, но не и подготвена да плати толку пари за отштета.
Илиев покрај Арсенал, беше во словачки Серед, во Јагиелонија, Шефсбури, Серед, Тренчин, Хелсинки и Сараево, за пред две години да потпише за УТА Арад. Илиев има официјално еден настап за репрезентацијата, против Гибралтар во Лигата на Нации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

