Дејан Илиев со Хелсинки стана шампион на Финска поради подобра гол разлика

Екипата на Хелсинки по 33-ти пат е шампион на Финска, а ова за тимот беше четврти по ред трофеј во првенството. До новиот пехар дојде во возбудлив финиш, откако ја заврши сезоната со ист број бодови како и Купс.

Купс беше екипата која ги совлада во последното коло како гости со 2-1, но поради подобрата гол разлика од 50-26 наспроти 41-20 од ривалот, стана нов шампион на земјата.

Член на Хелсинки е голманот Дејан Илиев кој дојде во екипата на почетокот на сезоната. Бранеше само на осум натпревари во првенството, а поради повреда го пропушти поголемиот дел од шампионатот. Илиев беше на голот и на еден меч од квалификациите во Лигата на шампионите.

Илиев има договор со Хелсинкли до крајот на ова година.

Се вчитува...