Шведскиот репрезентативец со македонско потекло, Дејан Кулушевски е силна желба на новиот тренер на Наполи, Антонио Конте.
Не е никаква тајна дека Кулушевски е миленик на Конте, кој инсистира ова лето да го добие во дресот на Наполи. Италијанскиот стратег го ангажираше Кулушевски и во периодот кога го презеде Тотенхем, па сега посакува да го засили и тимот од Серија А со него.
Поранешниот фудбалер на Јувентус е проценет на околу 55 милиони евра, што не е воопшто мала сума за „наполитанците“. Изминатава сезона постигна осум гола и три асистенции во 39 натпревари во сите натпреварувања за Тотенхем, кој за него плати 30 милиони на Старата дама во јуни 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА