Дејан Манасков заминува од Веспрем!

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков на крајот од сезонава ќе го напушти Веспрем и ќе ги промени клупските бои. Договорот на македонското лево крило истекува на крајот од јуни, а раководството на Веспрем објави дека нема да ја продолжи соработката со Манасков. Информацијата ја потврди самиот клуб на официјалната веб-страница.

Македонецот е член на Веспрем уште од 2017 година, кога му пристапи на унгарскиот гигант од редовите на бундеслигашот Рајн-Некар Левен. Тој беше избран за најдобар ракоемтар на Веспрем за сезоната 2017/2018 од страна на фановите. Манасков одигра 156 средби за тимот на Веспрем, притоа постигнувајќи 536 погодоци. Тој освои две титули во СЕХА-лигата со ВЕспрем, како и еден трофеј во унгарскиот шампионат.

За жал, тешката повреда на коленото го принуди Манасков на долга пауза од терените, поради која крилниот ракометар не настапи ниту за репрезентацијата на ЕП 2022.

„Ти благодариме за се, Деки, и многу среќа во натамошниот дел од кариерата“, објави Веспрем.

 

Се вчитува...