Македонија освои уште еден медал на Медитеранските игри во Тарагона, откако борачот Дејан Митров успеа да стигне до бронза во борење слободен стил, во категоријата до 74 килограми.
Митров попладнево во дуелот за бронзата се сретна со Мохамед Будра од Алжир, по огромна битка успевајќи да триумфира со 3-1 и да се закити со медал на ова натпреварување.
Вечерва Македонија ќе освои уште едно одличје во Тарагона, во борење во категоријата до 97 килограми Магомедгаџи Нуров во големото финале ќе се сретне со Италијанецот Јанатони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА