На денешното Генерално собрание на ВАКО – Европската кикбокс федерација, м-р Дејан Митровски – Урко е избран за член на Одборот на директори на ВАКО Европа.
Митровски, кој повеќе од успешно изминативе години ја предводи Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија, и исто така и како претседател на ВАКО Балканската Кикбокс федерација, доби уште едно признание во својата кариера со едногласниот избор за член на одборот кој ќе управува со европската кикбокс федерација следните четири години.
За претседател на ВАКО Европа е избран Еспен Лунд од Норвешка и дополнително беа избрани и членови на повеќе други одбори и комисии.

На Собранието на ВАКО Европа се усвоија и завршната сметка за 2024 година, финансискиот план за 2025 година, и други тековни документи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА







