Најдобриот македонски каратист Дејан Недев изминативе денови учествуваше на карате семинар со Силвио Кампари во Салцбург, Австрија.
Силвио и Дејан во минатото беа стари и жестоки противници на европските и светските шампионати во традиционално карате, но денес големи пријатели кои соработуваат и го пренесуваат своето знаење на каратистите од цела Европа. Силвио и Дејан денес се колеги, тренери на италијанската и македонската репрезентација.
На ЕТКФ европскиот шампионат во Скопје 2004 година тие се сретнаа во големото финале во дисциплината фукуго, каде Силвио го освои првото, а Дејан второто место.
Инаку Силвио Кампари беше ученик на големиот учител Хироши Шираи кој почина минатата година во Милано, Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

