Дејан Недев четврти на Светскиот шампионат во Перу, шест медали за Македонија на ИТКФ Купот за деца (ФОТО)

Најдобриот македонски каратист Дејан Недев го освои четвртото место во кати за сениори на ИТКФ светскиот шампионат кој се одржуваше во Лима, Перу.

Тој беше многу блиску до освојување бронзен или сребрен медал но за жал домашниот терен си го стори своето. Недев во полуфиналето загуби од светскиот шампион Енрике Ројас од Перу.

Светскиот шампионат беше организиран на највисоко ниво во Вила Депортива Национал, олимпискиот центар на Перу со учество на над 1000 каратисти од целиот свет.

Во исто време, македонската репрезентација во пионерска конкуренција, постигна огромен успех на ИТКФ Светскиот куп за деца во Лима, Перу освојуваќи три златни, две сребрени и еден бронзен медал.

Софија Јарчевска освои две први места во кати и кихон ипон кумите за деца од 12-13 години до зелен појас, Филип Недев освои прво место во кати и трето место во кихон ипон кумите за деца 10-11 години до црн појас, а пак Камелија Недев освои 2 место во кати за деца од 12-13 години до црн појас. Ката тимот во состав: Камелија Недев, Филип Недев и Софија Јарчевска освоија второ место за деца од 12-13 години.

„Ова претставува огромен успех за нашите карате надежи кои во исклучително силна конкуренција, со учество на повеќе од 500 каратисти од целиот свет, постигнаа вакви врвни резултати“ – истакнаа од Македонската традиционална карате федерација.

Се вчитува...