Викендов во главниот град на Франција – Париз, ќе се одржи ИТКФ карате семинар под водство на Дејан Недев. Семинарот се организира на покана на Француската федерација за традиционално карате и претставува значаен меѓународен настан во рамки на ИТКФ.
Овој семинар е продолжение на традицијата на врвни семинари кои во минатото беа организирани под водство на основачот на ИТКФ и легендарниот карате мајстор Хидетака Нишијама. Дејан Недев долги години беше негов близок соработник и асистент, а денес ја продолжува неговата мисија, активно придонесувајќи за развојот и ширењето на традиционалното карате ширум светот.
Организацијата на овој семинар во Париз уште еднаш ја потврдува меѓународната репутација на Дејан Недев и неговиот континуиран придонес кон зачувувањето на автентичните вредности на традиционалното карате.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

