Дејан Недев на карате семинар со светската карате легенда Сенсеи Хироши Шираи 10 дан во Tирол, Австрија

Дејан Недев на 25. и 26. септември 2021 година во Тирол, Австрија ќе биде дел од меѓународен карате семинар со светската карате легенда Сенсеи Хироши Шираи 10 дан. Сенсеи Хироши Шираи во моментов важи за еден од најдобрите карате инструктори во светот кој е најзаслужен за ширењето и квалитетот на каратето во Европа, тој кој повеќе од 50 години живее и работи во Милано, Италија.

Сенсеи Шираи е најбараниот карате инструктор во светот кој е ученик на творецот на традиционалното карате во светот Сенсеи Хидетака Нишијама (1928-2008) основач на светската карате федерација (ИТКФ). Во 2014 година при посетата на Македонија тој одржа карате семинар во Скопје, а беше одликуван и со плакета од страна на АМС за придонес и развој на каратето во Македонија. На семинарот ќе се презентираат најновите техники во традиционалното карате за натпреварувачките дисциплините: ен-бу, ката-бункаи и кумите.

Се вчитува...