Македонската Традиционална Карате Федерација со особена чест информира дека во периодот од 3 до 7 декември 2025 година, во Бангалор, Индија, беше одржан ИТКФ карате семинар, под водство на др. Дејан Недев 7 дан, претставник на МТКФ и ИТКФ.
Во текот на петте семинарски дена беа реализирани тренинг-сесии од областа на ката, кумите, технички и судиски принципи, со голем интерес и активно учество од страна на индиските карате практиканти.
На свеченото затворање, др. Дејан Недев беше одликуван со посебно признание за поддршка и развој на каратето во Индија и Азија, што претставува значајно меѓународно признание и потврда за неговиот долгогодишен придонес во традиционалното карате.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

