Тренерот на КК Црвена Звезда, Дејан Радоњиќ е кандидат за превземање на работното место во Барселона. „Каталонците“ имаа сезона за заборав откако Жоржо Барцокас го превзеде кормилото, тимот го пратеше лоша среќа со повредите, а и играта во главно не личеше на ништо.
Јасно беше дека Барцокас нема да остане на клупата на „каталонците“, конкурсот за тренерската позиција е отворен уште пред да се официјализира разделбата со грчкиот стратег. Меѓутоа, раководството има тешка задача во потрагата за „спасител“ на клубот. Сито Алонсо одлучи да остане во Басконија, Шарас Јасикевичиус останува во Жалгирис, истото е со Џоан Плаза во Уникаха, пропадна планот да го доведат Дејвид Блат, а последната „корпа“ ја доби од Валенсија, поточно од Педро Мартинез.
Барселона сега се сврте кон останатото од најдоброто во Европа, па црногорскиот стратег сега ќе биде во дилема, дали да продолжи со проектот на Звезда каде е веќе четири години, или пак да се обиде да ја освои Европа со каталонскиот клуб. Доколку Барса потфрли и во овој обид, ќе остане Андреа Тринкиери како последна надеж.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА