Претседателот на Фудбалската федерација на Црна Гора и легендарен фудбалер Дејан Савичевиќ се наоѓа во големи проблеми, пренесуваат медиумите од оваа земја.
Фудбалскиот судија Миле Шчепановиќ поднел казнена пријава против Дејан Савичевиќ и претседателот на судиската комисија Радојица Крушчиќ за кривично дело фалсификување на исправи.
Исто така на 3. февруари годинава е поднесена и анонимна пријава против Савичевиќ за сомневање за казнено дело затајување данок. Се уште трае постапката и во двата предмета и се собираат докази, изјави државниот обвинител, Вукаш Радоњиќ.
Според црногорскиот кривичен закон за фалсификување на исправи може обвинетиот да добие и до три години затвор, а за затојување на данок таа оди од една до осум години затвор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА