Дејан Савичевиќ приведен во Херцег Нови

Актуелниот претседател на Фудбалската Федерација на Црна Гора, Дејан Савичевиќ, денеска се соочи со неочекуван проблем откако беше приведен од црногорската полиција во Херцег Нови.

Како што инфофмира „Портал РТЦГ“, легендарниот фудбалер бил санкциониран поради повеќе сообраќајни прекршоци, по што бил предаден на прекршочен судија. Тој се изјаснил за виновен, по што е осуден на парична казна, по што бил пуштен на слобода.

Според пријавата од полицијата во Херцег Нови, Савичевиќ возел брз, претекнувал преку полна линија, а потоа и одбил да му биде извршен алко-тест.

Само за потсетување, Дејан Савичевиќ неодамна доби нов четиригодишен мандат на чело на Фудбалскиот Сојуз на Црна Гора.

Се вчитува...