Босанскиот интернационалец Дејан Шешиќ, е ново име во ростерот на ГРК Охрид. Дваесет и шест годишниот левак кој игра на позиција десен бек, во Охрид доаѓа од француски Анжерс. Претходно настапувал и во Словенија.
„Видов дека Охрид има добра и перспективна екипа која атакува на плејофот. Тука сум на сугестија на Бојаниќ кој ми кажа убави работи за ГРК Охрид. Лигата е интересна, се игра цврст ракомет и решив да ја променам средината“, изјави Шешиќ.
Дејан Шешиќ бил на поширокиот список на сениорската репрезентација на БиХ, а преттходно играл и за јуниорскиот национален состав во квалификациите за Светско и Европско првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА