Дејан Станковиќ: Јас сум горд што сум циган

Дејан Станковиќ не успеа со својата Сампдорија да приреди изненадување на гостувањето против Рома што неговиот тим го загуби со 3-0.

Српскиот стратег, кој како играч настапуваше за омразените Лацио и Интер, беше жестоко пречекан од ултрасите на Рома, кои извикуваа во еден глас „Zingaro, zingaro” (во превод: Цигане, цигане), за што мораше да реагира Жозе Мурињо, кој стана и побара од своите навивачи да прекинат со навредите кон противникот.

„Искрено, не ни забележав, но му благодарам на Жозе за гестот. За мене тие извици не се навреда, јас сум горд што сум циган“, порача Станковиќ по натпреварот.

На истата тема по мечот се осврна и Мурињо…

„Дејан нема за што да ми заблагодарува, и самиот сум бил навредуван толку многу пати да знам дека треба да спречам такво нешто ако е возможно. Имам изградено ѕид околу себе за таквите навреди да не ме допираат, знам дека и Деки го има сторено истото, тој е прекрасен човек, но лошо е за неговото семејство да слушна такви навреди за него“, прокоментира трофејниот португалски стручњак.

Се вчитува...