Дејан Станковиќ во вториот дел од сезоната ќе биде на чело на стручниот штаб на Црвена звезда, според информациите на Спорт Клуб.
Станковиќ е во Белград по отказот од Спартак Москва откако му се јавиле од Звезда дека му е потребен на клубот. Милојевиќ оствари три последователни победи во Лига Европа и практично обезбеди нокаут фаза, но тоа нема да го задржи на тренерската позиција и последните информации се дека договорот ќе биде раскинат шест месеци пред истекот.
Крајот на есенскиот дел од сезоната ќе означи и крај на соработката, па се очекува промоција на Дејан Станковиќ и неговото појавување на почетокот на подготовките на 3 јануари.
Станковиќ дојде наместо Милојевиќ во 2019 година на половина од сезоната, но со 11 бода повеќе од Партизан. Сега задачата да дојде до титулата е многу потешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

