Дејан Станковиќ на раб на солзи: Ова е како хорор-филм, ако некој мисли дека јас сум виновен – ќе си заминам

Дејан Станковиќ беше на раб на солзи при давањето на изјава по шокантната елиминација на Црвена Звезда од квалификациите за Лигата на Шампоните.

„Црвено-белите“ делуваа моќно против Макаби, стигнаа до водство од 2-0, а потоа примија два шокантни погодоци, првиот во 50. минута од првото полувреме од триесетина метри, а вториот – автогол на голгетерот Павков во 89. минута.

„Одлично прво полувреме во кое дуелот се одвиваше токму онака како што посакувавме. И тогаш, оној прв гол, несреќно примен гол што не пресече и потоа до крајот не се вративме во посакуваниот ритам. Вториот гол, што да се каже…. ова е како хорор филм, толку многу работи се свртеа против нас“, истакна Станковиќ.

Српскиот стручњак изјави дека доколку управата побара одговорност од него, тој е подготвен да си замине од клубот.

„Сега ќе се отворат многу прашања, како играме, дали сме подготвени, дали сум јас вистинскиот тренер за Црвена Звезда. Ако некој смета дека ова е огромен неуспех, подготвен сум да ја превземам одговорноста и да си заминам. Како ќе одлучи клубот, навивачите…. јас немам никаков проблем бидејќи јас сум еден од нив. Она што можам да го кажам е дека се внесов самиот себе во ова, затоа разочарувањето вечерва е толку големо“, изјави стратегот на Црвена Звезда.

Се вчитува...