Дејан Станковиќ предавач во Академијата на ФФМ: Македонија создаде одлични услови за младите категории

Легендата на српскиот фудбал Дејан Станковиќ и Оливие Доља од Одделот за развој на фудбалот во УЕФА беа гости на Фудбалската федерација на Македонија и предавачи на фудбалската Академија која функционира во рамките на ФФМ.

Поранешниот клупски колега на Горан Пандев во Интер, Дејан Станковиќ кој исто така е дел од Одделот за развој на фудбалот во УЕФА, ја истакна посветеноста на нашата федерација кога е во прашање младинскиот фудбал и посебно, Академијата на ФФМ.

„Фудбалската федерација на Македонија создаде навистина одлични услови за развој на најмладите категории фудбалери. Покрај инфраструктурните вложувања, зголемиот број натпревари на младите селекции очигледна е и стручната поставеност во федерацијата и начинот на кој се работи до младите селекции. Сето тоа носи и очигледни резултати во европските натпреварувања“ – коментира Станковиќ за време на посетата на Македонија.

Се вчитува...