Дејан Станковиќ: Си одам од Сампдорија, ова беше самоубиствена мисија…

Дејан Станковиќ и дефинитивно заминува од кормилото на Сампдорија која сезонава Серија А ја заврши на последното место.

Уште пред два месеци беше јасно дека Сампдорија ќе испадне од лигата, Станковиќ тогаш поднесе оставка, но истата не му беше прифатена.

„Сега е дефинитивно јасно дека заминувам од Сампдорија. Нема да бидам тука следната сезона“ – изјави Станковиќ и дополни:

„Беше ова една многу тешка сезона, во секој поглед. Во професионална смисла, ситуацијата во клубот значително се влоши по моето доаѓање. Навистина сум разочаран, затоа што кога ќе тргнете во самоубиствена мисија, мора да го прифатите тоа што го рабоите. Во секој случај им благодарам на сите, им благодарам на играчите, беше тешко, но го минавме тоа заедно обединети до крај. Жал ми е што се случи ова, јас сум професионалец и го почитувам овој дрес и клуб“.

Се вчитува...