Дејли Блинд префрлен во болница поради проблеми со срцето

Дефанзивецот на Ајакс и холандски репрезентативец Дејли Блинд е префрлен во клиника во Амстердам поради проблеми со срцето. Холандскиот клуб објави дека одбранбениот фудбалер почувстувал тегоби и вртоглавица по што е испратен на детални лекарски прегледи. Првичната дијагноза е дека се работи за воспаление на срцевиот мускул и тој одреден период ќе мора да биде надвор од фудбалот.

Првите проблеми за Дејли Блинд се јавиле по мечот со Валенсија во Лигата на шампионите, кога загубил свест и медицинскиот тим морал да му укаже помош со дефибрилатор. Тој најверојатно нема да настапува до крајот на јануари.

Се вчитува...