Холандскиот интернационалец Дејви Класен го напушти англискиот премиерлигаш Евертон и се пресели во Бундес-лигата. Тој е нов член на Вердер Бремен, а клубот за него плати 15 милиони евра отштета.
Класен минатата сезона како репрезентативец на Холандија и капитен на Ајакс стигна во редовите на Евертон најавен како големо засилување, но не ги оправда очекувањата. Имаше само 16 настапи за клубот од „Гудисон парк“ и незабележлива сезона. Токму затоа Евертон и реши да го продаде.
Сега Класен има нов предизвик и ќе се потруди да ја врати својата стара препознатлива форма во дресот на Вердер во германскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА