Дејвид Бекам чекал цели 13 часа во поворката за да оддаде последна почит на Кралицата Елизабета (ВИДЕО)

Еден од најпрославените англиски фудбалери во историјата, Дејвид Бекам чекал цели 13 часа заедно со илијадниците Британци кои во редови чекаат пред Вестминстер хол да и оддаде последна почит на Кралицата Елизабета.

Како што пренесува „Мирор“, дел од лицата низ достоинствена и бескрајна поворка за оддавање последна почит на покојната кралица која се протега низ цел Лондон чекале и по 24 часа за да влезат во Вестминстер гол. А, Бекам во текот на вчерашниот ден чекал мирно цели 13 часа откако рано утрото се појавил во поворката.

На посетителите им е забрането да се фотографираат и да се задржуваат во близина на ковчегот, но имаат само неколку секунди да и оддадат почит на починатата кралица. Дејвид Бекам беше забележан и од камерите на Би-би-си во моментот кога оддава почит на починатата Кралица Елизабета Втора.

Се вчитува...