Дејвид Бекам ќе биде прогласен за витез по повод роденденот на кралот Чарлс, јавува Би-Би-Си.
Поранешниот капитен на Англија беше назначен за Офицер на Редот на Британската империја (ОБЕ) во 2003 година.
Би-Би-Си спорт дознава дека тој сега е на ред да добие дополнителни признанија и за неговата фудбалска кариера и за неговиот придонес во британското општество, а листата на победници ќе биде објавена следната недела.
Бекам играше 115 пати за својата земја, а во кариерата ги носеше дресовите на Манчестер Јунајтед, ЛА Галакси, Пари Сен Жермен и Милан. Се пензионираше во 2013 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

