Дејвид Бекам ја посакува ѕвездата на Јунајтед – Интер Мајами со понуда до Кристијано Роналдо!?

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо не е задоволен од работата на раководството на Манчестер Јунајтед и инсистира на нови играчи или планира да си замине од „Олд Трафорд“.

Според последните информации на „Дејли Стар“, неговите агенти го нудат на други клубови, а заинтересиран бил и Дејвид Бекам, еден од сопствениците на клубот Интер Мајами во САД.

Сепак, Кристијано Роналдо ја одбил понудата. Португалецот не планира да си замине од Европа, па чека други примамливи понуди. Неговиот договор со „црвените ѓаволи“ е со важност до летото 2023 година.

 

Се вчитува...