Дејвид Бекам откри што ќе прави Лионел Андрес Меси по завршувањето на кариерата

Интер Мајами го освои првиот трофеј во МЛС лигата со победата над Ванкувер во финалето. Дејвид Бекам како еден од сопствениците на клубот ја донесе титулата и како функционер и како поранешен фудбалер кој настапуваше во ова првенство.

Лионел Меси повторно беше клучната фигура. Поранешниот ас на Барселона запиша две асистенции и ја водеше екипата до историски успех.

„Би сакал Меси да живее во Мајами кога ќе се пензионира, но Лео ми рече дека размислува само за живеење во близина на Камп Ноу. Нема играч кој ја сака Барселона како него. Можете да го видите логото од Барселона на неговата нога, па дури и на шишето од кое пие вода“, изјави Бекам по освоениот трофеј.

Се вчитува...