Екипата на Јувентус го совлада тимот на Парма со 2-0 на отворањето во Серија „А“, и со три бода ја стартуваше новата сезона. Јувентус долго време се мачеше да го најде патот до голот, а новото засилување Џонатан Дејвид успеа во својата намера.
Јилдиз во 59. минута асистираше, а Дејвид погоди за водство. Потоа истиот фудбалер асистент, а погоди нововлезениот Влаховиќ кој покажа дека е во добра форма, и покрај тоа што е пред заминување од Торино. Јувентус остана со играч помалку откако Камбиасо доби директен црвен картон.
Изненадување се случи во Бергамо, каде Аталанта на свој терен киксираше против Пиза и одигра само 1-1. Автоголот на Хиен ја донесе Пиза во предност, а Скамака во 50. минута израмни. Но, во последните 40 минути Аталанта не најде начин како да го загрози гостинот, и така немаше можност да дојде до победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

