Џонатан Дејвид и официјално го потврди своето заминување од редовите на Лил, и тоа како слободен играч откако канадскиот голгетер ги одби понудите за нов договор доставени до неговиот агент во последните месеци.
Тој веќе најави дека е подготвен за нов предизвик во кариерата, за денеска и официјално да се збогува од клубот во кој дојде од Гент во 2020 година, и оттогаш одигра 231 меч за Лил, притоа постигнувајќи 109 погодоци.
„Секоја приказна има свој почеток и крај. Сакав самиот да ви соопштам дека по толку многу години, дојде време да се каже збогум“, објави Дејвид.
За услугите на овој одличен голгетер најзагреани се калчолигашите Наполи и Јувентус, а понуди најавија и неколку англиски премиерлигаши.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

