Дејвис: Бев лут на полувремето, пристапот во вториот дел беше далеку подобар

Вардар долго време се наоѓаше на работ на амбисот во Лигата на Шампионите, но ситуацијата целосно се промени со доаѓањето на Давид Дејвис на кормилото на „црвено-црните“. Шпанскиот стручњак успеа да го воскресне македонскиот првак во елитното европско натпреварување, а серијата добри игри беше крунисана со вечерашниот триумф над Елверум.

Дејвис на прес-конференцијата по натпреварот откри дека бил разочаран од односот на ракометарите во првиот дел, за што имал што да им каже на паузата меѓу двете полувремиња.

„Презадоволен сум од она што го остваривме во овие последни четири средби и што стигнавме до петтото место во групата. Сакав да победиме иако резултатот не беше премногу важен. Затоа и бев лут на полувремето, поради пристапот на играчите кој значително се подобри во второто полувреме, дури и во моментите кога губевме. Одличниот Томовски одбрани важни удари на противникот, а крилата исекоа многу топки, тоа беше клучот за нашиот успех“, истакна стратегот на „вардарци“.

Се вчитува...