Дејвис даде гол за Евертон, се израдуваа и Свонси и ВБА

Саутемптон ремизираше 1-1 на гостувањето против Евертон, а примениот гол во судиското продолжение може скапо да ги чини „светците“ во битката за опстанок.

Имено, фудбалерите на Саутемптон долго имаа водство од 0-1 преку Редмонд, за во клучните моменти да потклекнат и со голот на младиот Дејвис во 96. минута домаќините да стигнат до израмнување. На овој погодок се израдуваа и Свонси и ВБА, кои со ваквиот резултат и двата загубени бода на Саутемптон си ги зголемија шансите за опстанок.

Клучен ќе биде мечот од наредното коло меѓу Свонси и Саутемптон, на кој домаќините ќе мора да слават за да се искачат на 17. место на табелата. На ВБА, чии шанси се сведени на теорија, му одговара само реми на овој дуел, надополнет со триумф на Вест Бромвич Албион во последното коло на гостувањето против Кристал палас.

Се вчитува...