Фудбаелерот на Баерн Минхен и на репрезентацијата на Канада Алфонсо Дејвис, соопшти дека сите пари од наградата за пласман на Мундијалот во Катар, ги донирал во хуманитарни цели.
Брзоногиот лев бек е со потекло од Либерија, а е роден во бегалски камп во Гана во 2000 година. Неговите родители во 2005 година емигрирале во Каната бегајќи од војната во Либерија, и се населиле во Едмонтон.
„Канада и даде на мојата фамилија и мене можност за подобар живот. Тоа ми овозможи да ги остварам своите соништа. Голема чест е да се игра за Канада, и затоа сакам да се оддоложам. Затоа одлучив да ги донирам парите во добротворни цели“, напиша Дејвис на својот „Твитер“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА