Пресметката во Дејвис-купот меѓу Велика Британија и Канада доби несакан тек откако Канаѓаните службено го загубија дуелот меѓу младиот Денис Шаповалов и Кајл Едмунд, откако Шаповалов го удри со топче судијата в лице, по што следеше автоматска дисквалификација.
Видно исфрустриран по негативата од 0-2 во сетови младиот Канаѓанец по еден удар во аут реши бесот да го истури врз топчето што му остана во џебот. Проблемот беше што тоа заврши во лицето на судијата Арно Габас, кој без дилеми ги спроведе правилата и за ваквиот инцидент му изрече службен пораз на Шаповалов.
[youtube id=”N_Cvfx9Jl0E” width=”640″ height=”380″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА