Македонија е пред триумф и во одлучувачкиот натпревар за првото место во Групата Б, против селекцијата на Молдавија во Третата европска зона која се игра во Созопол, Бугарија.
По победата на Димитар Грабул и водството на Македонија од 1-0, во вториот меч предност има и Томислав Јотовски против Андреи Циумак. Јотовски го доби првиот сет со 6-2, а мечот е прекинат при 2-2 во вториот сет.
Поради лошо осветлување мечот меѓу Јотовски и Циумак е прекинат, и ќе продолжи во текот на утрешниот ден. Со победа над Молдавија, Македонија ќе обезбеди место во полуфиналето по што ќе се бори за пласман во Втората евро-африканска зона за следната година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА