Дејвис куп: Победнички старт и против Молдавија – Грабул остави само два гема за Булат

По претходните две победи против Малта и против Исланд, македонската Дејвис куп репрезентација со триумф ја почна пресметката и против носителот во Групата Б од Третата европска зона, селекцијата на Молдавија.

Во првиот меч, повторно одлично одигра Димитар Грабул кој му остави само два гема на Максим Булат победувајќи со 6-1,6-1.

Во вториот меч, Томислав Јотовски ќе се соочи со Андреи Циумак.

Се вчитува...