Дејвис куп репрезентацијата на Македонија предводена од селекторот, Дејан Маринковиќ од вчера е во Созопол, Бугарија, каде стартуваше со тренинзите пред натпреварите од Третата европска зона.
Македонија во Созопол, на мечевите кои се играат од 5. до 8. април ќе настапи во следниот состав, Горазд Србљак, Томислав Јотовски, Димитар Грабул и Шендит Деари, без никакви промени во однос и на минатогодишниот настап во Естонија.
Во Третата европска зона, покрај Македонија, на турнирот во Бугарија се натпреваруваат и тениските репрезентации на Албанија, Андора, Ерменија, Бугарија, Косово, Грција, Исланд, Р. Ирска, Лихтенштајн, Луксембург, Малта, Молдавија, Црна Гора и Сан Марино.
Согласно правилникот за натпревари, ќе се игра во четири групи. Победниците од секоја група ќе играат во полуфиналето на турнирот, а финалистите од следната сезона ќе се натпреваруваат во Втората Евро-африканска зона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА